10.09.2015

Конкурс за вработување на определено време

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор за Младински центри за сексуално и репродуктивно здравје“  

1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

– Завршено високо образование

– Најмалку 3 годишно работно искуство во финансиско и програмско раководење на проекти

– Искуство во проекти за ранливи групи (мажи кои имат секс со мажи, сексуални    работнички, луѓе кои живеат со ХИВ и корисници на дрога)

– Искуство во организирање или координација на проекти во кои се обезбедуваат здравствени или социјални услуги за ранливи групи

– Развиени вештини за со информатичка технологија (Microsoft Office)

– Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик

– Изградени вештини за логистика

– Изградени способности за раководење на тим

– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи

– Државјанин на Република Македонија


П
редност ќе имаат кандидати со:

– Искуство во имплементација на проекти млади и адолесценти
– Искуство во имплементација на проекти за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје

 

2.Опис на работната позиција:

Вработената или вработениот ќе биде одговорна/ен за организирање на работата на Младинските пријателски центри „Сакам да знам“ во амбуланта Водно и Амбуланта Шуто Оризари. Обврските ќе бидат поврзани со логистика за непречено спроведување на квалитетни услугите во центрите, сервисна статистика – дата база, набавки (медицински материјали, лекови и канцелариски материјали), комуникација со партнерски организации, комуникација со целните групи – корисници на услугите. Ќе биде одговорна или одговорен да врши постојана промоција на центрите преку теренски активности, социјални медиуми и соработка со училишта и други установи каде се наоѓаат млади.

Работниот ангажман е до декември 2016 година. Предвидената плата во бруто износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 34 900 денари.

Најдоцна до 17 септеври 2015 заинтересираните кандидати треба да достават:

– писмо за мотивација

– детална биографија

– една препорака од претходните работни места кои потврдуваат искуство во раководење на прокети  наменети за маргинализирани заедници

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид. Ве молиме наведете телефон за контакт и email адреса.

Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.

Документите со назнака/предмет на пораката конкурс координатор за Младински центри за сексуално и репродуктивно здравје“ можете да ги доставите на следниов начин:

По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта:  Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (оглас за работно место Младински центри)

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Весник на жените од Шуто Оризари бр. 1

Препознавајќи ги актуелните состојби и предизвици со коишто секојдневно се соочуваат жените од Шуто Оризари при остварувањето на своите репродуктивни права, а особено Ромките како ранлива група на граѓанки, Иницијативата на жени од Шуто Оризари го издаде првиот број на Весникот на жените од Шуто Оризари за да им ги доближи овие прашања првенствено на надлежните институции и да ги поттикне […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за ангажирање консултант за спроведување обуки за мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање консултант за спроведување обуки на тема Мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија. Ангажманот е во рамки на проектот „Осигурување на одговорна транзиција од финансиската поддршка од Глобалниот фонд кон одржливо финансирање со средства од националниот буџет на програмите за ХИВ превенција и […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.