Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А објавува конкурс за ангажирање на возач на теренско возило Мобилна гинеколошка амбуланта за период Март – Декември 2015.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
– Да поседува најмалку 5 години возачка дозвола од Б-категорија;
– Основни познавања на работа со компјутери (Microsoft office);
– Изградени способности за тимска работа и комуникациски вештини;
– Завршено средно образование.
Работни должности:
– Спроведување на теренски смени на територијата на цела земја;
– Навремено планирање и обезбедување на неопходни материјали потребни за спроведување на теренските активности;
– Техничко одржување на теренското возило;
– Внесување и обработка на податоци во електронска дата база за потребите на проектот;
– Работната задача на теренското возило ќе се извршува со флексибилно работно време, според потребите на проектот, не повеќе од 40 часа неделно (во работни денови понеделник – петок)
Најдоцна до 17.00 часот на 3 март 2015, заинтересираните кандидати треба да достават:
– Биографија на македонски јазик;
– Писмо за мотивација;
– Една препорака од претходни работни места.
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за возач на теренско возило можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По факс на: 02 55 6 002
По пошта: Х.Е.Р.А Дебарца, 56/4 1000 Скопје