ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на специјалист за прибирање на финансиски средства за потребите на Националниот координативен механизам.
Националниот координативен механизам (НКМ), е мултисекторско тело основано во 2003 година со цел да ги координира активностите на национално ниво финансирани од Глобалниот фонд за ХИВ, туберкулоза и маларија и да овозможи партиципативно донесување на одлуки. НКМ вклучува претставници од владиниот и невладиниот сектор, како и донаторските агенции.
Профил и квалификации
Бараме лице чија главна одговорност ќе биде прибирање финансиски средства од приватен сектор/фондации за остварување на сервиси за ранливи групи на граѓани. Лицето треба да има активна мрежа на деловни контакти со локалната бизнис заедница, како и меѓународни фондации. Тој/таа потребно е да поседува искуство во прибирање на финансиски средства од најмалку три години.
Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:
– Универзитетска диплома по бизнис администрација, јавна администрација или сродна област, општествени науки
– Презентерски, преговарачки и комуникациски вештини со приватниот сектор
– Способности за вмрежување, убедување и влијание
– Претприемничко размислување и етика на работа
– Способности за планирање и организација
– Течно говорење на македонскиот и англискиот јазик
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
– Државјанство на Република Македонија
Предност ќе имаат кандидати со:
– Познавањето на албански јазик ќе се смета за предност
– Искуство во воспоставување на нови пазари
Ангажираното лице ќе биде одговорна/ен за
– Воспоставување на модел за прибирање средства од локалните бизниси
– Воспоставување на модел за прибирање финансиски средства од меѓународни донаторски организации
– Продажба на услуги, како начин на генерирање приход
– Користење на јавни извори од локалните власти
Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантските услуги со покриен персонален данок на доход. Обврските ќе се спроведуваат во и вон канцелариите на ХЕРА. Консултантскиот ангажман е во времетраење од 6 месеци.
Најдоцна до 12 ноември 2015 година (четврток, крај на денот) заинтересираните кандидати треба да достават:
– писмо за мотивација
– детална биографија
– една препорака од претходните работни места
Предвид ќе бидат земени само оние кандидати кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
За време на интервјуто кандидатите ќе треба, на уверлив начин, да го претстават своето искуство во собирање на средства, како и концепт идеи за спроведување на донаторски активности наменети кон социјално ранливите групи на граѓани.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за специјалист за прибирање на финансиски средства НКМ можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (конкурс за специјалист за прибирање на финансиски средства НКМ )