29.07.2016

Карта со оценка од заедницата #4

Картата со оценка на заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата кај жените Ромки во Шуто Оризари во текот на бременоста и по породувањето. Целта на ова истражување е Ромките што живеат во општина Шуто Оризари да ги оценат и да ја следат достапноста и пристапот до здравствени услуги во текот на бременоста, породувањето и во периодот по породувањето.

Karta in-text preview

 

И по четврта година од следењето на здравствените услуги кои ги добиваат бремените жени од Шуто Оризари, опфатот на бремените Ромки од страна на патронажната служба останува на ниско ниво, а обемот и квалитетот на услугите од патронажните сестри бележи постојан тренд на опаѓање. Податоците од терен покажуваат дека мерките од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата не одговараат на потребите на бремените жени, ниту пак стигнуваат до крајните кориснички во практика.

Целото истражување погледнете го на овој линк.

Година на издавање: 2016

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Пролетна Европска недела на тестирање за сексуално преносливи инфекции

Од 17 до 24 мај ја одбележуваме пролетната Европска недела на тестирање под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“. Зошто? Затоа што сексуалниот однос треба да биде причина за уживање, не за инфекции! А тестирањето за сексуално преносливи инфекции – дел од грижата за сопственото здравје!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за понуди: Анализа на пазарот за потребата од услуги од социјалното претпријатие „Нега Плус”

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање физичко или правно лице за спроведување анализа на пазарот за воведување нова линија на услуги во рамки на работењето на социјалното претпријатие „Нега Плус”.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.