ХЕРА на 23.02.2011(среда) во хотел Холидеј Ин со почеток од 10:00 часот, организира еднодневна Завршна конференција на проектот „Национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје и предизвиците на локалната самоуправа во контекст на децентрализација на примарната здравствена заштита и здравјето на младите”. (Програмата на настанот е во прилог на ова известување).
На конференцијата претставници од 11 локални самоуправи ќе ги презентираат резултатите од активностите за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје кои беа спроведени во текот на 2010 во соработка со ХЕРА.
Исто така, Х.Е.Р.А. ќе го промовира истражувањето „Улогата на локалната самоуправа во унапредувањето на сексуалното и репродуктивно здравје кај младите“ кое дава приказ на свесноста, механизмите и обемот на дејствување на локалната самоуправа во унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје на младите.
Проектот е дел од Програмата CIVICA Mobilitas имплементирана од Центарот за институционален развој – ЦИРA и финансиски поддржана Швајцарската агенција за развој и соработка, застапувана од Канцеларијата за соработка во Скопје SDC.