Доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ

Доброволно советување и тестирање (ДСТ) претставува доброволен процес, инициран од страна на самите клиенти за доброволно советување и тестирање за ХИВ. Многу луѓе, особено во земјите со ниска стапка на ХИВ како нашата, каде што степенот на информираност за ХИВ може да биде низок, луѓето имаат перцепција дека за нив не постои ризик за ХИВ. Сервисите за ДСТ им помагаат на луѓето да го разберат индивидуалниот ризик од ХИВ, да го разберат значењето на сопствениот ХИВ-статус, како и да поттикнат побезбедно однесување за намалување на евентуалниот ризик од пренос на ХИВ. ДСТ обезбедува услуги за добролно и доверливо советување и ХИВ тестирање преку две мобилни единици (соодветно опремени комбиња) во 11 градови низ Македонија во партнерство со 14 здруженија на граѓани и 10 здравствени институции во државата за ранливи и тешкодостапни групи (млада популација, мажи кои имаат секс со мажи, лица кои инјектираат дрога, сексуални работници, затвореници и останати популации кои имаат потреба од оваа услуга).

ДСТ му овозможува на клиентот да добие доброволно советување, кое ќе му помогне да направи инфромиран избор поврзан со нејзиниот ХИВ-статус и да превземе соодветни акции откако ќе го дознае сопствениот ХИВ статус. Советувањето му овозможува на клиентот, преку дискусија со советувачот, да го анализира сопствениот ризик за ХИВ-трансмисија и можните начини за намалување на ризикот и воедно да добие инфоамции за ХИВ и ХИВ-тестирање. Советувањето во ДСТ се одвива во форма на преттест-советување и постстест-советување. Во текот на преттест-советувањето советувачот на секој клиент му нуди можност да ја истражи и да ја анализира својата ситуација и врз основа на тоа да одлучи дали ќе се тестира за ХИВ или не. Секоја клиент носи одлука дали ќе направи ХИВ-тестирање, врз основа на понудените информации за ХИВ и поддршката добиена од страна на советувачот. Посттест-советувањето им помага на клиентите да го разберат значењето на резултатот од ХИВ-тестот, да ги истражат можностите со кого може да го споделат резултатот од ХИВ-тестот, да ги идентификуваат можностите со кого може да го споделат резултатот од ХИВ-тестот, да ги идентификуват следните чекори за намалување на ризиокот за понатамошен пренос, односно добивање на ХИВ-инфекција. Основно аспекти и принципи на кои се темели ДСТ се:

  • Доброволност – клиентот сам одлучува, врз основа на информациите кои ги добил во текот на преттест-советувањето, дали ќе направи ХИВ-тестирање.
  • Доверливост – информациите споделени во текот на советувањето, вклучувајќи ги и резултатите од ХИВ-тестот, не смеат да бидат споделувани со други лица, освен на барање на клиентот. Исто така чувањето на евиденцијата со податоци и нивна понатамошна обработка ја гарантира доверливоста на клиентите.
  • Тестирањето се изведува со брз ХИВ-тест на капиларна крв (крв од прст на рака). Резултатот од брзиот тест се добива за 15 минути.
  • Приватност – Физичката средина во сервисот за ДСТ обезбедува услови за приватна дискусија помеѓу клиентот и советувачот.
  • Еднаквост – Сите клиенти на сервисот ДСТ се третирани на еднаков начин, без разлика на ХИВ-статусот, социјалниот статус, образованието, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, возраста, етничката или религиозната припадност, кој било вид на попреченост или било која друга карактеристика.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Годишен извештај 2016

Пред вас е годишниот извештај на ХЕРА за 2016 година. Година во која политичката криза во државата се продлабочуваше, работењето со државните институции беше прилично блокирано, а дијалогот со претставниците на власта ограничен. Во вакви услови можностите за посериозно лобирање за правата за сексуално и репродуктивно здравје беа предизвик. Но тоа не нè обесхрабри. Бројот на млади и маргинализираните заедници […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

[продолжен повик] Конкурс за вработување координатор/ка на проект на определено време

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. – објавува конкурс за вработување на определено време за: Координатор/ка на проектот „Собранието и локалните самоуправи во унапредување на ЛГБТ правата“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје   Кандидатките и кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: Општи квалификации: Завршено високо образование Одлично познавање на англиски јазик Одлично познавање на работа […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.