Денес во Скопје, како дел од глобалната акција #1BillionRaising се оддржа настанот В-ден кој има за цел да ја подигне јавната свест околу нулта толеранција за разните видови на насилството, силувањата и трговијата со бело робје.
Ако ја погледнеме статистиката , ќе се соочиме со ужасниот факт дека една од три жени е малтретирана во текот на нејзиниот живот , што не упатува на фактот дека над една милијарда жени се жртви на некаков вид на насилство – физичко, сексуално, вербално, психичко, економско…Поради актуелната состојба на жените, оваа година акцентот се става на потребата од потрага по правда. Моментално во Македонија се подготвува нов закон за превенција од семејно насилство којшто ќе ја зајакне улогата на институциите во заштита на жртвите од насилство, а со самото тоа ќе се овозможи полесен и побрз пристап до правдата, на што впрочем се става акцент во овогодинешната кампања.
Со овој настан, кој е организиран од страна на МАДИ, Зонта Клуб Скопје, ХЕРА, СОЖМ и ОЖС сакаме да се кренеме сите заедно против насилството со танц којшто ќе се одигра на химната на оваа кампања – Break the chain со кој ги повикуваме сите случајни и намерни минувачи да ни се придружат. Зошто танц? Танцот има моќ да ја трансформира болката во чувство на слобода, на кое ние повикуваме и ги охрабруваме жртвите да му стават крај на насилството, да се ослободат и да живеат посреќни.