Воислав Иванов

Проектен координатор 

vojo.ivanov@hera.org.mk


Воислав Иванов е роден во Скопје во 1983 година. Завршува средно образование по ПТТ и телекомуникации, а продолжува студии по биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Пет години работи во МРТВ во образовната програма. Во 2007 година заминува за Кина каде што работи и се стекнува со сертификат за органско производство на храна.

Како активист за права на животни работи целиот свој живот и учествува во многу проекти во и надвор од Македонија, а по враќањето од работниот ангажман во Африка во 2016 година, се посветува повеќе на работата со луѓе. Станува координатор на мобилното ХИВ-тестирање во ХЕРА, работи и како сертифициран негувател за стари лица и болничар, но и како едукатор и аниматор на деца во повеќе организации и институции.

Во ХЕРА е вработен од 2015 година како советувач за ХИВ и сексуално преносливи инфекции.

 

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Билтен за семејно планирање бр. 8

Годинава ја заокружуваме со осмото издание на Билтенот за семејно планирање, кое му го посветивме на платеното породилно отсуство како една од особено важните политики што имаат голем потенцијал да придонесат кон унапредување на здравјето на мајките и на новороденчињата. Низ интервјуа со активистки и универзитетски професорки ги согледуваме придобивките што ги носи породилното отсуство и суштинската разлика помеѓу породилното […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за ангажирање консултант за спроведување обуки за мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање консултант за спроведување обуки на тема Мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија. Ангажманот е во рамки на проектот „Осигурување на одговорна транзиција од финансиската поддршка од Глобалниот фонд кон одржливо финансирање со средства од националниот буџет на програмите за ХИВ превенција и […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.