22.04.2013

Визија 2020

Визија 2020 преставува еден нов импулс во работењето на Meѓународната федерација за планирано родителство и сите нејзини организации членки ширум светот. Оваа визија е резултат на секојдневната работа на организациите од 179 земји во светот, организации кои се дел од ова глобално семејство. Визија 2020 не преставува ништо друго туку поглед кон иднината за тоа како да постигнеме благосостојба и напредок за сите луѓе, а тоа е неможно без унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и права.  Денес сите ние се соочуваме со многу предизвици и на глобално и на локално ниво, а токму Визија 2020 дава јасни насоки за тоа како да се надминат овие предизвици и бариери и да се изгради еден праведен свет во кој што ќе бидат почитувани правата на сите. Со други зборови, препораките истакнати во овој текст преставуваат опипливи насоки како политиките да се претворат во пракса, односно што секоја влада мора да стори за се унапреди сексуалниот и репродуктивниот живот на граѓаните и да се оствари социјална правда за сите.
ХЕРА секојдневно работи на  унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права и затоа целосно ја препорачува  Визија 2020 како документ што може да се искористи за подобрување на состојбите во Македонија.

За да ги поддржите овие напори, прочитајте ја Визија 2020 и инфомирајте се што може да сторите и да помогнете кон нејзиното остварување преку вашата работа, споделете ги овие информации преку социјалните мрежи (Facebook, Twitter, Youtube) или пак контакрирајте не на hera@hera.org.mk со вашите препораки и идеи. Затоа што сите можеме да направиме барем мал придонес кон остварување на сексуалното и репродутивното здравје.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Брошура за правата на ЛГБТИ луѓето

За македонските граѓани хомосексуалците се една од најмалку прифатливите групи сограѓани. ЛГБТИ луѓето се соочуваат со дискриминација на работното место, при користењето на правата од социјалната заштита и при пријавување случаи во полициска станица. 

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за координатор/-ка на младинските центри „Сакам да знам”

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор/-ка  на младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам знам” во Скопје, за периодот јануари – декември 2019 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.