Весник на жените од Шуто Оризари бр. 1
Препознавајќи ги актуелните состојби и предизвици со коишто секојдневно се соочуваат жените од Шуто Оризари при остварувањето на своите репродуктивни права, а особено Ромките како ранлива група на граѓанки, Иницијативата на жени од Шуто Оризари го издаде првиот број на Весникот на жените од Шуто Оризари за да им ги доближи овие прашања првенствено на надлежните институции и да ги поттикне да преземат мерки за унапредување на репродуктивното здравје на жените.

Иницијативата на жени од Шуто Оризари е неформална група на активистки која во рамки на своите активности врши теренски посети на жени од Шуто Оризари и од други општини каде што живее ромско население, при што спроведува и едукации од областа на антенаталната заштита и репродуктивното здравје и права.
Првиот број на Весникот ги анализира пречките во пристапот до репродуктивно здравје за Ромките, со фокус на дискриминацијата во здравствените установи и незаконската наплата на здравствените услуги. Се осврнува и на активностите и достигнувањата во работењето на Иницијативата на жени од Шуто Оризари, а ги предочува и здравствените индикатори поврзани со репродуктивното здравје на жените во Република Македонија.
Првиот број на Весникот е достапен само на македонски јазик.
Поттикнати од фактот дека комуникацијата е темел на здравствената грижа, а комуникациските бариери клучен предизвик при остварувањето на здравствените права на Ром(к)ите, заедно со Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет – Скопје изготвивме прирачник кој треба да ја подобри комуникацијата и нивото на соработка меѓу здравствените работници и Ромите како приматели на здравствени услуги.
Повеќе »
ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]
Повеќе »
Бесплатни услуги
ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување
Повеќе »
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање психотерапевт(к)и како даватели на услуги во Првиот семеен центар на Град Скопје за привремен ангажман, односно советување на деца-жртви на семејно насилство и интервенции фокусирани на траума или деца.
Повеќе »