Весна Матевска

vesna-turmakovskaПрограмска раководителка

Vesna.turmakovska@hera.org.mk

Весна Матевска, родена во Скопје,  дипломираше на Институтот за психологија, при Филозофскиот факултет во Скопје, 2007 година. Како психолог, се надградува во областите на психоедукација и психотерапијата. Член е на Македонската асоцијација за трансакцискa анализа (МАТА). Сертифицирана  е за работа со сторители на семејно насилство.

Започна да работи во ХЕРА од 2008 година како психолог во Младински центар “Сакам да знам”. Од 2012 е на позиција програмски координатор, а од 2013 е назначена за одговорно лице за заштита на деца и млади под ризик во организацијата. Како програмски координатор работи на темата Сексуалност и лица со попреченост, област која во ХЕРА се развива од 2010 година. Дополнително , вклучена е во областите за унапредување на здравјето и сексуалните и репродуктивните права на Ромите, со посебен акцент на жените и девојките. Се залага за зајакнување на жените и активно учествува во борбата против семејното насилство во Македонија.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Весник на жените од Шуто Оризари бр. 1

Препознавајќи ги актуелните состојби и предизвици со коишто секојдневно се соочуваат жените од Шуто Оризари при остварувањето на своите репродуктивни права, а особено Ромките како ранлива група на граѓанки, Иницијативата на жени од Шуто Оризари го издаде првиот број на Весникот на жените од Шуто Оризари за да им ги доближи овие прашања првенствено на надлежните институции и да ги поттикне […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за ангажирање консултант за спроведување обуки за мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање консултант за спроведување обуки на тема Мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија. Ангажманот е во рамки на проектот „Осигурување на одговорна транзиција од финансиската поддршка од Глобалниот фонд кон одржливо финансирање со средства од националниот буџет на програмите за ХИВ превенција и […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.