Почитувани,
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија го спроведува проектот „Зајакнување на владеење на правото за заедницата на ЛГБТ граѓани“. Во рамки на овој проект се предвидени активности за зголемување на свеста на јавноста за намалување на дискриминацијата врз ЛГБТ лицата во Македонија. Предвидена е изработка на видео спот, емитување на национална ТВ и промотивен настан.
Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди најдоцна до 4 септември до 1700 часот по електронски пат на konkurs@hera.org.mk и по пошта нa Дебарца 56 1000 Скопје.
Во делот на технички спецификации се обезбедени информации и детали за поедноставно осмислување на понудата. Техничките спецификации и иструкциите за понудувачите можете да ги преземете тука.
Срдечно,
Милош Стојановиќ
Административен и финансиски директор