Андреј Сених

Andrej SenihЧлен

andrej.senih@hera.org.mk

Андреј Сених е член на ХЕРА од 2011 година, додека за член на Управниот одбор беше избран во јули 2015 година. Од 2010 година, најпрвин како активист, а потоа и професионално, се занимава со прашањата што ги засегаат луѓето што живеат со ХИВ во Македонија, но и воопшто прашања од областа на националниот и глобалниот одговор на ХИВ.

Најголем дел од неговата работа во изминатите години беше посветен на самоорганизирањето на заедницата на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија, односно Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, и на унапредувањето на механизмите за обезбедување на квалитетна и современа антиретровирусна терапија во Република Македонија.

Има посетувано различни обуки за застапување и лобирање, но пред сè има стекнато директно искуство во осмислување и спроведување на конкретни иницијативи за застапување и учество во креирање на јавни политики. Исто така, има искуство во осмислување и спроведување на стратешки комуникациски пристап и директна комуникација со донесувачи на одлуки, одговорни лица во институциите, пратеници, медиуми и претставници на граѓанскиот сектор, како и осмислуање и спроведување на кампањи за подигнување на јавната свесност поврзано со ХИВ.

Професионалното искуство во граѓанскиот сектор го има стекнато во ХЕРА помеѓу 2011 и 2013 година, кога организацијата на луѓето што живеат со ХИВ функционираше како автономно тело во рамките на ХЕРА, а потоа и во ЗАЕДНО ПОСИЛНИ како самостојна организација. Благодарение на работата токму во административната канцеларија на ХЕРА, Андреј Сених има добро познавање на организацијата, нејзините вредности и начин на работа, како и увид во другите теми од областа на сексуалното и репродуктивното здравје. Во 2013 година учествуваше и во изготвувањето на последната стратешка рамка на организацијата (2014-2017).

Член е на значајни мултисектроски тела кои го следат и насочуваат националниот одговор на ХИВ, како што се Националната комисија за ХИВ/СИДА и Националниот координативен механизам за грантовите за ХИВ и туберкулоза од Глобалниот фонд. Исто така, активно е вклучен и во неколку граѓански иницијативи и организации, како European AIDS Treatment Group (EATG), Мрежата на земји со ниска ХИВ-преваленца во Централна и Југоисточна Европа (NeLP) и Платформата на граѓански организации кои спроведуваат програми за превенција, грижа и поддршка за ХИВ.

Од декември 2013 година работи како извршен директор во Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје. По образование е класичен филолог со диплома од Филозофскиот факултет во Скопје – Институт за класични студии.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Анализа на потребите за развој на социјални претпријатија во Република Македонија

Анализа на потребите за развој на социјални претпријатија во Република Македонија

Социјалното претприемништво во Македонија сѐ повеќе се гледа како алтернативен и иновативен модел за промоција на социјалната инклузија, ресоцијализацијата, интеграцијата на пазарот на трудот и вработувањето за лицата од ранливите групи граѓани. Имајќи ја предвид оскудната литература за социјално претприемништво кај нас наспроти нагорниот тренд на невладини организации кои отпочнуваат да основаат социјални бизниси, па дури и да вршат преку нив активна едукација за […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за ангажирање консултант за спроведување обуки за мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање консултант за спроведување обуки на тема Мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија. Ангажманот е во рамки на проектот „Осигурување на одговорна транзиција од финансиската поддршка од Глобалниот фонд кон одржливо финансирање со средства од националниот буџет на програмите за ХИВ превенција и […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.