Прилози од Консултациите за образование за сексуално и репродуктивно здравје
Збирка текстови од еднодневното „Советување за образование за сексуално и репродуктивно здравје“ кое се одржа на Филозофскиот Факултет во Скопје на 28 октомври 2016 година. Покрај професорите кои доаѓаат од катедрите на Филозофскиот факултет, на советувањето гостуваа и колеги од Медицинскиот факултет, Правниот факултет во Тетово, Институтот за македонска литература, а тука беше и истакнатиот проф. Александар Штулохофер од катедрата за сексологија, оддел за социологија при Филозофскиот факултет во Загреб. Главната цел на Советувањето да се започне стручна дискусија за можните предности и предизвици од едно образование за сексуално и репродуктивно здравје.

Целата збирка може да ја најдете на македонски јазик тука.
На овој линк може да ја најдете збирката текстови за аспектите на сексуалноста и сексуалното образование, издадена во 2014.
Во рамки на Европската недела на ХИВ, која се одржа од 23 до 30 ноември 2018 година под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, ХЕРА ја подготви и брошурата „Прашања и одговори за ХИВ“ која ги дава одговорите на најчестите прашања поврзани со ХИВ.
Повеќе »
Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!
Повеќе »
Бесплатни услуги
ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување
Повеќе »
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување отвора повик за прибирање понуди за изработка и дизајн на тријазична веб-страница којашто ќе биде официјалната веб-страница на самата организација, како и за обезбедување домен и хостинг на веб-страницата во период од три години по нејзиното започнување со работа.
Повеќе »