26.10.2016

ССО функционира!

onepager-color

ССО, што?

  • ССО е сеопфатно сексуално образование.
  • ССО е континуиран процес на стекнување на знаења, развивање на вештини, ставови и вредности за идентитетот, врските и интимноста како и за сексуалноста воопшто.
  • ССО го пренесува целосниот систем на вредности кои ќе им овозможат на децата и на младите да ги практикуваат своите сексуални и репродуктивни права и да донесуваат одлуки поврзани со нивната сексуалност и со нивното здравје.
  • ССО не се однесува само на биолошките аспекти на сексуалноста, на превенцијата од болестите и од бременоста.
  • ССО учи за когнитивниот, емоционалниот, социјалниот и физичкиот аспект на сексуалноста.
  • ССО ги вклучува и сите културолошки, психо-социјални и емоционални аспекти на сексуалноста, односно задоволството и сексуалната различност како основа за една здрава и толерантна млада личност.
  • ССО треба да им биде достапно на сите, но и да се прилагоди и да се структурира според возраста и степенот на развој кај децата и младите.
  • ССО промовира родова рамноправност, се базира на човековите права и ги препознава различностите.
  • Компоненти на ССО се: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, врски и односи, насилство и различност.

 

Што ќе ни ССО?

  • ССО постепено ги подготвува и оспособува децата и младите луѓе со информации, вештини и позитивни вредности за да ја разберат и да уживаат во својата сексуалност, да имаат безбедни и задоволувачки односи и да преземат одговорност за сопственото, како и на другите луѓе, сексуално  здравје и благосостојба.
  • ССО придонесува кон тоа младите да направат избор кој ќе го подобри квалитетот на нивните животи, но и цели кон подобро и праведно општество.
  • ССО информира за видовите и употребата на контрацепција и предонесува за зголемување на употребата на контрацепцијата и на кондомот кај сексуално активните адолесценти.
  • ССО води кон унапредување на нивното сексуално и репродуктивно здравје, здравјето воопшто, како и поодговорно сексуално однесување понатаму во животот.
  • ССО придонесува за зголемување на способноста за носење на информирани одлуки и намалување на предрасудите.
  • ССО води кон развивање на позитивни ставови и вредности.
  • ССО во својот развој ги вклучува младите, родителите, наставниците, граѓанскиот сектор и експертите со различни профили од областа на природните, општествените и хуманистичките науки.

 

ССО во РМ

  • ССО е препознаено од институциите во РМ.
  • ССО е препорачано во следниве национални документи:
  • Национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје (2010-2016)
  • Национална стратегија за безбедно мајчинство, 2010-2015
  • Националната стратегија за ХИВ/СИДА, 2012-2016
  • Препораките на Рамката за сеопфатно сексуално образование од 2010
  • Заклучоците на Комисијата за еднакви можности за пилотирање на сексуално образование и евалуација на предметот животни вештини од 2009 и 2011 година
  • Националната стратегија за млади на Република Македонија, 2005-2015
  • Националната стратегија за млади на Република Македонија, 2016-2025
  • Препораки кон Република Македонија од Комитетот на ОН за економски, социјални и културни права од 2016 година.

 

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

ХИВ: Колку прашања, толку одговори

Во рамки на Европската недела на ХИВ, која се одржа од 23 до 30 ноември 2018 година под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“,  ХЕРА ја подготви и брошурата „Прашања и одговори за ХИВ“ која ги дава одговорите на најчестите прашања поврзани со ХИВ.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на официјалната веб-страница на ХЕРА

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување отвора повик за прибирање понуди за изработка и дизајн на тријазична веб-страница којашто ќе биде официјалната веб-страница на самата организација, како и за обезбедување домен и хостинг на веб-страницата во период од три години по нејзиното започнување со работа.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.