19.10.2016

Реакција на Платформата за ХИВ по изјавата на министерот Тодоров

Реакција на Платформата за ХИВ

Министре Тодоров со аргументи, а не со етикети одговорете како ќе го надоместите скратениот буџет за ХИВ

Скопје, 19 октомври 2016

Како платформа од 15 граѓански организации и здруженија на пациенти кои опфаќаат 15 000 корисници на годишно ниво не можеме да разбереме зошто министерот за здравство Никола Тодоров наместо конкретни одговори, се служи единствено со етикети со кои сака да нѐ делегитимира.

Нашите аргументи повеќепати ги изнесовме во јавноста, и директно ги предочивме на претставниците на Министерството за здравство. Притоа, барањата за неопходниот буџет за ХИВ се темелат исклучиво на аргументи кои доаѓаат од пресметки и анализи кои не се наши, и зад нив стои токму Министерството за здравство:

Соопштение по повод протестот на Платформата за ХИВ (06.10.2016)

Реакција на соопштението на Министерството за здравство (07.10.2016)

Соопштение за јавност по протестниот перформанс пред Министерството за здравство (18.10.2016)

Затоа,  од министерот  Тодоров, уште еднаш, бараме одговори на следниве прашања:

  • Која е причината поради која ги игнорирате анализите и пресметките зад кои стои Министерството за здравство и Светска банка, кои кажуваат дека со вака скратен буџет ќе има епидемија на ХИВ?
  • Објаснете, како со буџет од 27 милиони денари ќе ги надоместите фондовите од меѓународната поддршка која завршува во јуни 2017 година?
  • Ако не планирате да набавите лекови во 2017 година, објаснете како ќе спречите да се јави недостаток на лекови на крајот на следната година и првата половина на 2018 година, сè додека спроведете нов тендер за терапија во 2018?

Како носител на јавна функција, без исклучок, имате обврска отчетно, одговорно и со аргументи да ги образложите сите ваши одлуки кои го засегаат здравјето и животот на граѓаните.

Кога зборуваме за аргументи мислиме на факти, бројки, анализи, пресметки, студии од релевантни експерти и кредибилни институции.

Министре Тодоров, во име на вистината имајте доблест и во јавна дебата погледнете им во очи на пациентите и најзасегнатите и  образложете ги вашите аргументи.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на двојазична веб-страница

Во рамки на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби“ што ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува со поддршка од УНФПА, предвидени се средства за изработка и дизајн на двојазична веб-страница за Минималниот основен пакет на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.