Програмско подрачје: Млади волонтери

1. Што сме постигнале досега:

  • Формирање на младинска група, ХЕРАМлади, чија цел е преку активен придонес и врсничка едукација да се подобрат сексуалното и репродуктивно здравје и права на младите во Македонија. Над 30 млади на возраст од 16-25 години активно волонтираат во ХЕРАМлади.
  • Емисија Секси Маало – од 2011 на Радио МОФ, секоја втора среда се емитува Секси Маало, емисија која е целосно подготвена и реализирана од тимот на ХЕРАМлади. Идејата е да се разговара на темите кои се исклучително важни за младите, да се скршат табуата и предрасудите, особено оние поврзани со сите аспекти на сексуалноста.
  • ХЕРАМлади од 2013 година ја одбележува Визија2020 на МФПР, како дел од глобалната цел за достигнување на одржлив развој и еднкавост, чија главна компонента се сексуалните и репродуктивни права и здравје.
  • Мобилизација на 48 граѓански здруженија кои потпишаа петиција до Министерот за образование и наука за воведување на сеопфатно сексуално образование (ССО)
  • Подготовка на Прирачник за врснички едукатори во чија изработка беа вклучени врсничките едукатори од ХЕРАМлади. Целта на прирачникот е да биде водич за сите оние кои се занимаваат со врсничка едукација од областа на СРЗП
  • Врсничка едукација за Сеопфатно сексуално образование – од 2015та, над 20 едукатори беа сертифицирани за имплементација на новата програма за Сеопфатно сексуално образование во училиштата.
  • Над 100 ученици од средните училишта во Скопје (2015-2016) беа опфатени со програмата за врсничка едукација и ги поминаа работилниците кои ги опфаќаат сите 7 компоненти на сеопфатното сексуалното образование: род, сексуално и репродуктивно здравје, насилство, врски и односи, задоволство, граѓански аспекти и различност
  • Спроведена евалуација на ССО програмата која потврди дека ССО функционира и резултира со позитивна промена на ставовите и нивото на информираност на учениците
  • Јавен час по ССО (мај 2016) одржан на Филозофскиот факултет на кој универзитетски професори, студенти, ученици и јавни личности одблиску се запознаа и дискутираа за ССО и неговите 7 компоненти

2.Партнери

  • Меѓународна федерација за планирано родителство
  • Младинска платформа за ССО во која покрај ХЕРА членуваат: НМСМ, ЈЕФ; ХОПС, МОФ, Y-PEER, Младите можат, Сенки и облаци и Излез.
  • Y-SAFE – Младинската група на меѓународната федерација за планирано родителство (Анг)
  • ASTRA Youth – Неформална група на млади активисти за сексуално и репродукстивно здравје и права од Централна, Источна Европа и Балкан.

3. Лице за контакт

Мери Цветковска
meri.cvetkovska@hera.org.mk

Доколку сте заинтересирани да станете дел од ХЕРАМлади, пополнете ја нашата пристапница и испратете ја кај лицето за контакт.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на двојазична веб-страница

Во рамки на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби“ што ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува со поддршка од УНФПА, предвидени се средства за изработка и дизајн на двојазична веб-страница за Минималниот основен пакет на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.