27.10.2016

Пристап до информации и услуги за СРЗ на лицата со оштетен вид и оштетен слух

Лицата со попреченост ги имаат истите потреби во однос на сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) како и сите останати. Сепак тие многу често се соочуваат со пречки и бариери при пристапот до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Ова истражување има за цел да направи процена на постоечкиот систем/механизам за пристап до информации и услуги за СРЗ за лица со оштетен вид и оштетен слух и идентификација на потребите за пристап до информации и услуги за СРЗ кај лица со оштетен вид и оштетен слух во Република Македонија.

 

web-in-text-photo

Истражувањето покажа дека лицата со оштетен вид/слух имаат тежок пристап и раз лични бариери кон пристапот до информации и сервиси за СРЗ. Најголемиот број од нив информациите за СРЗ ги добиваат преку интернет бидејќи не постојат структурирани програми за СРЗ за лица со оштетен вид/слух. Најчести бариери при пристапот до сервиси се непознавањето на знаковниот јазик и неадекватен пристап на медицинскиот персонал.

Истражувањето е достапно на македонски јазик тука.

 

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Првиот семеен центар на Град Скопје бара психотерапевт(к)и

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање  психотерапевт(к)и како даватели на услуги во Првиот семеен центар на Град Скопје за привремен ангажман, односно советување на деца-жртви на семејно насилство и интервенции фокусирани на траума или деца.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.