30.01.2018

Повик за понуди за логистичка организација на регионална конференција (26-27.02.2018)

Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за понуди за логистичка организација на регионална конференција што ќе се одржи во Скопје на крајот на февруари 2018 година.


Инструкции за понудувачите

   1. Договорен орган

Договорен орган е Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со адреса на „Франклин Рузвелт“ бр. 51а/26, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2390 395, факс 02/2556 002.

Лице за контакт кај договорниот орган е Милош Стојановиќ, 02/2390 395, факс 02/2556 002 телефон електронска адреса milos.stojanovik@hera.org.mk

   2. Предмет на договорот за набавка

Предмет на договорот за набавка е логистичка организација на регионална конференција во период 26 и 27 февруари 2018. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.

   3. Начин на испорака на понуда за извршување на услугата

Понудувачот е должен понудата да ја испорача на поштенската адреса „Франклин Рузвелт“ бр. 51а/26, 1000 Скопје и по електронски пат на hera@hera.org.mk

   4. Рок на испорака/за извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 25 работни денови од денот на склучување на договорот за набавка, најдоцна 5 дена по завршувањето на конференцијата.

   5. Право на учество

Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно правно лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.

   6. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите

За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:

6.1. Лична состојба

  • во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за набавка и договори за јавно приватно партнерство;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
  • понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други давачки; освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќa;
  • на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
  • понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.

6.2. Способност за вршење на професионална дејност

Понудувачот треба да е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.

6.3. Техничка или професионална способност

Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се: работни ангажмани во областа на социјалната правда и борбата против дискриминација, како претходно работно искуство со граѓански организации кои работат во овие области.

   7. Начин на докажување на способноста на понудувачот

Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба, професионалната дејност и професионалната способност со изјава која ја доставува во прилог (Прилог 2) на својата понуда и со поднесување на биографија на компанијата. (Прилог 3)

   8. Изготвување и поднесување на понудите

8.1. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во електронска форма и печатена форма, со користење на обрасците дадени во прилог.

8.2. Елементи на понудата

Понудата треба да е составена од следниве елементи:

  • Образец на понуда (Прилог 1),со детално дефинирани цени за секој ученик;
  • Документ за регистрирана дејност;
  • Биографија на компанија со истакнати работни ангажмани за комуникациски материјали во областа на социјалната правда и борбата против дискриминација, како и работа на кампањи на невладини организации. (Прилог 3);
  • Изјава (Прилог 2).

8.3. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на македонското кирилско писмо.

8.4. Период на важност на понудата

Периодот на важност на понудата ќе изнесува 30 работни денови од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите/ на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.

8.5. Цена на понудата

Цената на понудата се пишува со бројки и букви.

8.6. Валута на понудата

Цената на понудата се изразува во денари.

   9. Затворање и обележување на понудите

9.1. Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.

Внатрешниот коверт се приложува во затворен надворешен коверт кој:

  • е адресиран со точна адреса на договорниот орган
  • во горниот лев агол стои ознака „НЕ ОТВОРАЈ“
  • на горниот десен агол стои називот на Оглас за прибирање на понуди за организирање на регионална конференција

9.2 Краен рок и место за поднесување на понудите

Краен рок за поднесување на понудите е 5 февруари (понеделник) 2018 година до 12.00 часот.

Понудите се поднесуваат на електронски на konkurs@hera.org.mk и по пошта на „Франклин Рузвелт“ 51а/26 1000 Скопје

9.3. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да се разгледува.

   10. Критериум за доделување на договорот

10.1 Критериум за доделување на договорот за набавка е економски најповолна понуда.

За носител на набавката ќе биде избран оној понудувал чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.

10.2 Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат:

– цената (60 бодови) и
– планот за организација на целиот настан од подготвителна фаза до крајот на реализацијата, со детален опис на пристапот и временската рамка (40 бодови)

   11. Известување за доделување на договорот за набавка

11.1. По завршувањето на изборот до сите учесници автоматски се испраќа известување за понудувачот којшто поднел најповолна понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.

11.2. Избраниот најповолен понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, во рок од најдоцна 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, за резултатите од изборот и одлуката кој е најповолен понудувач ќе бидат известени и сите понудувачи.

   12.Технички спецификации

Предметот на набавка е делив на следните делови:

Дел 1: Обезбедување хотелско сместување, простор за регионален настан и храна и освежување за учесници на настан

Дел 2: Обезбедување авионски, автомобилски и аеродромски транспорт за учесници, со детална спецификација за трошок за секој учесник по земја

Дел 3: Обезбедување на материјали за настанот

Дел 4: Логистичка поддршка на настанот

 

Дел 1: Обезбедување хотелско сместување, простор за регионален настан и храна и освежување за учесници на настан

  • Хотелско сместување за 25 странски учесници во хотелот каде што ќе се организира конференцијата, за две ноќевања со вклучен полн пансион
  • Обезбедување простор за одржување на конференција за 2 работни дена во централно градско подрачје во главниот град Скопје, во хотел со најмалку 4 ѕвезди заради присуството на високи државни претставници
  • Обезбедување на две кафе-паузи дневно за 35 учесници за времетраење на конференцијата
  • Дополнително обезбедување на ручек за 30 учесници од земјата за времетраење на конференцијата од 2 работни дена
  • Обезбедување на конференциска сала со капацитет за најмалку 35 учесници за дводневниот настан со дополнителна просторија каде што ќе се одржи прес-конференција и ќе се постави целата техничка опрема.

Дел 2: Обезбедување авионски и аеродромски транспорт за учесници

Вклучува 25 авионски летови и автомобилски превоз организиран од следниве земји:

Дел 3: Обезбедување на материјали за настанот

Потребно е да се обезбедат папки, беџови, пенкала и евалуации за сите 35 учесници на конференцијата

Дел 4: Логистичка поддршка за организирање на конференцијата

Целосна логистичка поддршка за регионалниот настан кој вклучуваа контакти со странските учесници и обезбедување нивно учество и организирање на меѓународен и локален транспорт, информирање за сите логистички информации пред и по настанот, сите административни и логистички процедури пред, за време и по завршувањето на конференцијата.

 
Технички карактеристики:

Понудата треба да содржи план за организација на целиот настан од подготвителна фаза до крајот на реализацијата, со детален опис на пристапот и временската рамка.

   Временска рамка:

Понудувачот треба да се води од следнава временска рамка:

   Буџет

Понудувачот треба да достави листа со поединечни цени со ДДВ за сите делови. Буџетот треба да се прикаже со ДДВ.

Прилог 1: Образец на понуда

Прилог 2: Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба

Прилог 3: Биографија

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Првиот семеен центар на Град Скопје бара психотерапевт(к)и

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање  психотерапевт(к)и како даватели на услуги во Првиот семеен центар на Град Скопје за привремен ангажман, односно советување на деца-жртви на семејно насилство и интервенции фокусирани на траума или деца.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.