30.01.2018

(Продолжен) Конкурс за вработување социјален/на претприемач/ка на определено време

Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го продолжува рокот за конкурсот за вработување на определено време за:

Социјален/на претприемач/ка за потребите на проектот „Отвораме можности“, поддржан од Европската комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 што дава поддршка за граѓанските организации во рамки на Акциониот план на Инструментот за поддршка на граѓанското општество 2016-2017.

Кандидатките и кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економијата или бизнис-администрацијата
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик
  • Одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Office)
  • Државјанство на Република Македонија

Искуство и вештини:

  • Најмалку тригодишно работно искуство во мало претпријатие за продажба или дистрибуција на продукти
  • Експертиза во областа на социјалното претприемништво
  • Изградени вештини за административно и финансиско работење, организирање на активности и подготовка на наративни и финансиски извештаи
  • Познавање на националните политики, законодавството и праксата во делот на социјално претприемништво
  • Изградени вештини за комуникација
  • Ефективна организација на работното време, навремено исполнување на зададените задачи и самоиницијативност
  • Изградени способности за тимска работа

Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:

  • Искуство во работа со социјално исклучени групи на граѓани
  • Искуство во социјално претпријатие
  • Посетени обуки за социјално претприемништво


Опис на работната позиција:

Вработеното лице ќе биде одговорно за спроведување и следење на активностите на проектот кои се однесуваат на обезбедување експертиза и градење вештини и знаења на учесниците во проектот за концептот на социјално претприемништво, како и за известување во однос на поставените индикатори и финансиската рамка во координација со координаторката на проектот. Ќе организира обуки и летна школа каде што ќе учествува и како обучувач, ќе учествува во работата на мултисекторска работна група, ќе учествува во подготовка на истражување, анализа на финансиска исплатливост, стратегија и акциски план, ќе учествува во изборот на подгрантисти и во понатамошното менторирање и следење на нивната работа согласно потребите на проектите. Вработеното лице ќе биде одговорно и за целосното програмско, административно и финансиско работење поврзано со социјалното претпријатие „Нега Плус“.

Работниот ангажман се однесува за период од 10 месеци со полно работно време од 40 работни часови неделно со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Предвидената плата во БРУТО износ изнесува 700 евра во денарска противвредност.


Најдоцна до 16 февруари 2018 година (петок)
, заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  • Биографија на македонски јазик (во која јасно го наведуваат претходното искуство според условите на конкурсот)
  • Писмо за мотивација
  • Една препорака од претходен работодавач за двегодишно искуство во мало претпријатие за продажба или дистрибуција на продукти

Ќе се разгледуваат пријавите само на оние кандидат(к)и кои ќе ги достават бараните документи. Оние што ќе ги обезбедат доказите за бараните критериуми, ќе влезат во потесен избор и ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон и е-пошта за контакт.

Кандидат(к)ите ќе бидат известени за резултатите по електронски пат во рок од 8 дена по затворањето на конкурсот.

Х.Е.Р.А. гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на нивната етничка припадност, родова идентификација, сексуална ориентација, возраст, брачен и родителски статус, раса, попреченост или која било друга основа.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за социјален/на претприемач/ка можете да ги доставите на следниов начин:

По епошта:  konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
Ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје

 

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на двојазична веб-страница

Во рамки на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби“ што ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува со поддршка од УНФПА, предвидени се средства за изработка и дизајн на двојазична веб-страница за Минималниот основен пакет на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.