15.06.2017

Конкурс за координатор/ка за комуникации на определено време

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор/ка за комуникации

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Завршено високо образование
  • Најмалку 3 годишно работно искуство во координирање на комуникациски активности и односи со јавноста
  • Напредни вештини за уредување, развој на содржини и комуникација со нови и традиционални медиуми
  • Изградени вештини за логистика и спроведување на административни задачи
  • Солидни познавања за издавачката дејност и процеси на продукција на видео и аудио материјали
  • Напредно користење со англиски јазик
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
  • Државјанство на Република Македонија

 

Предност ќе имаат кандидатите и кандидатките кои ќе покажат искуство во:

  • Искуство со комуникација на теми поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје и права
  • Солидни вештини за користење на програми за графичко уредување
  • Искуство во работа во здружение на граѓани

 

Опис на работната позиција:

Вработената или вработениот ќе биде одговорна/ен за организирање на логистичките и комуникациските активности. Обврските ќе бидат поврзани со координирање на севкупната комуникација со јавноста и медиумите, осмислување на стратегии за комуникација,  организирање на конференции за медиуми, организирање на состаноци и обуки,  раководење со веб страна, платформи на социјалните медиуми, подготовка на извештаи, фасилитирање на процеси на продукција на видео и аудио материјали, како и издаваштво.

Работниот ангажман е до 30 јуни 2018 година и предвидува договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување.  Предвидената БРУТО платата е во висина од 46.000,00 денари.

 

Најдоцна до 26 јуни 2017 година заинтересираните кандидати и кандидатки треба да достават:

– Детална биографија (во која јасно го наведуваат претходното искуство според пропозициите/условите на конкурсот)

– Писмо за мотивација

– Една препорака од претходните работни места кои потврдуваат искуство во спроведување на комуникациски активности

 

Ќе се разгледуваат само оние кандидатки и кандидати кои ќе ги достават бараните документи. Оние кои ќе ги обезбедат докази за бараните критериуми ќе влезат во потесен избор и ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.

Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.

ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидати без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа, ќе имаат еднакви услови.

Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за координатор/ка за комуникации можете да ги доставите на следниов начин: 

По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта:  Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (оглас за координатор/ка за комуникации)

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Процена на знаењето, ставовите, практиките и потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација

ХЕРА и Коалиција „Маргини“ спроведоа истражување со цел да ги испитаат знаењата, ставовите, капацитетите, практиките и потребите на актуелните народни избраници и избранички во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и нивната заштита од дискриминација.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за вработување проектен/на асистент/ка на определено време

Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време на асистент/ка на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби”, поддржан од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.