27.06.2017

[продолжен повик] Конкурс за вработување координатор/ка на проект на определено време

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. – објавува конкурс за вработување на определено време за:

Координатор/ка на проектот „Собранието и локалните самоуправи во унапредување на ЛГБТ правата“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје

 

Кандидатките и кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи квалификации:

  • Завршено високо образование
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Office)
  • Државјанство на Република Македонија

Искуство и вештини:

  • Десетгодишен работен ангажман
  • Најмалку тригодишно работно искуство на позиција координатор на проект
  • Најмалку едногодишен ангажман во заштита на правата на ЛГБТ
  • Изградени вештини за административна работа, организирање на активности и подготовка на наративни и финансиски извештаи
  • Познавање на националните механизми за заштита на човекови права и заштита од  дискриминација
  • Вештини за комуникација и соработка со донесувачи на одлуки
  • Ефикасна организација на работното време и исполнителност
  • Изградени способности за тимска работа

 

Предност ќе имаат кандидати и кандидати со:

  • Искуство во соработка со претставници на локалните самоуправи
  • Искуство во работа со пратеници во Собранието на Република Македонија

 

Опис на работната позиција:

Вработената или вработениот ќе биде одговорна/ен за сите аспекти на имплементацијата на активностите, како и за известување во однос на поставените индикатори и финансиската рамка. Таа/тој ќе спроведува активности за градење на капацитети, координација со партнери, ќе организира консултативни средби, студиска посета, истражување, медиумска кампања. Ќе работи со пратениците од Собранието на РМ, со Локалните тела за заштита од дискриминација, со општините и со здруженијата на граѓани, како и со самата ЛГБТ заедница. Работниот ангажман е од 1 јули 2017 година до 31 декември 2018 година, со полно работно време од 40 работни часови со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Предвидената плата во БРУТО износ е 50.600. денари

 

Најдоцна до 4 јули 2017 година (вторник), заинтересираните кандидати треба да достават:

– Биографија (во која јасно го наведуваат претходното искуство според пропозициите/условите на конкурсот)

– Писмо за мотивација

– Една препорака од претходните работни места која потврдува работно искуство како координатор на проект

 

Ќе се разгледуваат само оние кандидатки и кандидати кои ќе ги достават бараните документи. Оние кои ќе ги обезбедат докази за бараните критериуми ќе влезат во потесен избор и ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.

Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.

ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидати без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа, ќе имаат еднакви услови.

Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за координатор на проект можете да ги доставите на следниов начин: 

По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта:  Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (оглас за координатор на проект)

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Првиот семеен центар на Град Скопје бара психотерапевт(к)и

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање  психотерапевт(к)и како даватели на услуги во Првиот семеен центар на Град Скопје за привремен ангажман, односно советување на деца-жртви на семејно насилство и интервенции фокусирани на траума или деца.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.