12.02.2018

Јавен повик за избор на надворешен консултант за изработка на документ за јавни политики

Х.Е.Р.А. објавува јавен повик за консултантски услуги за развивање на Акциски план за имлементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) и документ за јавни политики за подобрување на пристапноста и достапноста на специјализираните сервиси за жртви на семејно насилство, согласно Конвенцијата.

Овие документи се изработуваат во рамки на проектот Техничка помош на Владата и на граѓанските организациите во надминување на предизвиците за обезбедување на специјализирани услуги и усогласување со минималните стандарди утврдени со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство во рамки на Програмата „Сопирање на насилството врз жените: спроведување на норми, менување на умот“, финансиран од UN Women.

Документите ќе биде изработени во соработка со работната група за подготовка на Акциски план за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жени и домашно насилство (Истанбулска конвенција), формирана од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

Очекувања

Да се изработи Акциски план за имлементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) и документ за јавни политики (Policy brief) за подобрување на пристапноста и достапноста на специјализираните сервиси за жртви на семејно насилство, согласно Конвенцијата, во согласност со препораките и експертските мислења на работната група за подготовка на акцискиот план за споведување на Конвенцијата.

Активности

  • Учество на состаноците на работната група за подготовка на Акциски план за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жени и домашно насилство (Истанбулска конвенција)
  • Изработка на нацрт-верзија од акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција до крај на март 2018 г. и финална верзија од документот до април 2018 г.
  • Изработка на нацрт верзија од документ за јавни политики со препораки и предлог мерки за Владата на Република Македонија во насока на подобрување на пристапноста и достапноста на специјализираните сервиси во Македонија со цел исполнување на минимум стандардите на Истанбулската конвенција, до август 2018 година.
  • Подготовка на програма и учество на работилница за верификација на препораките од документот за јавни политики
  • Изработка на финална верзија од документот за јавни политики до октомври 2018 година.
  • Тековни консултации по однос на подготовката на документот

Процедура и краен рок

Конкурсот е отворен за сите заинтересирани кандидати/ки од 12 до 16 февруари 2018 година. Изборот на консултант ќе заврши до 21 февруари 2018 година.

По изборот, консултантот ќе потпише договор за авторско дело со Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА за работен ангажман од 15 дена во текот на февруари-октомври 2018 година. Надоместот за работниот ангажман изнесува 90.000 денари во бруто износ.

Конкурсот ќе биде објавен на веб страната на ХЕРА, hera@hera.org.mk и споделен меѓу членките на Националната мрежа за борба против насилство врз жени и семејно насилство и Платформата за родова еднаквост.

Сите заинтересирани кандидати/ки до 16 февруари 2018 година треба да достават:

  • Кратка биографија
  • Мотивационо писмо
  • Референтна листа на претходни слични ангажмани

Документите со назнака/предмет на пораката Јавен повик за избор на надворешен консултант може да се достават електронски на konkurs@hera.org.mk или по факс на 02 55 6 002.

Услови при избор

При изборот на консултант ќе се земат превид следните услови:

  • Докажано искуство во подготовка на стратешки документи, оперативни планови и/ или јавни политики
  • Темелно разбирање на процесите на креирање на јавни политики, законодавството, владини и невладини програми, политики и стратегии поврзани со системот на социјална заштита и социјални услуги
  • Одлични аналитички, истражувачки и вештини за пишување на извештаи како и интерперсонални вештини

Предност ќе имаат кандидатите/-ките со:

  • Темелно познавање на националните и меѓународните политики за превенција и заштита на жени жртви на насилство и семејно насилство
  • Искуство во подготовка на национални документи за креирање на политики од областа на социјалната заштита, особено заштита на жени жртви на насилство и семејно насилство

ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидати и кандидатки ќе имаат еднакви услови без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Доколку Ви се потребни повеќе информации, контактирајте ја програмската координаторка Кристина Плечиќ Беќарова на kristina.plecic@hera.org.mk

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Прирачник за сензибилизација на семејни лекари за СРЗ на лицата со попреченост

Прирачникот за сензибилизација на здравствените работници (семејните лекари) го изготвија д-р Катерина Станкова Нинова, д-р Зоран Стојановски и Весна Матевска со цел да ја подотворат вратата за исклучително спефицична тема – сексуалноста на лицата со попреченост.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и емитување на видеоспот

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, го спроведува проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТ луѓето“. Во рамки на овој проект се предвидени активности за зголемување на свеста на јавноста за намалување на дискриминацијата и насилството врз ЛГБТ лицата во Македонија преку реализација на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.