Извештај од консултативниот процес со младите од клучните популации

Извештајот пред вас е резултат на консултативниот процес кој се спроведе преку мали групни дискусии со младите од клучните популации, засегнати од ХИВ. Во него, ќе ги најдете најважните сознанија, сведоштва и препораки во однос на расположливоста на услугите за сексуално и за репродуктивно здравје и за пристапноста до нив.
Целиот извештај може да го прочитате на македонски и англиски јазик.
Во рамки на Европската недела на ХИВ, која се одржа од 23 до 30 ноември 2018 година под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, ХЕРА ја подготви и брошурата „Прашања и одговори за ХИВ“ која ги дава одговорите на најчестите прашања поврзани со ХИВ.
Повеќе »
Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!
Повеќе »
Бесплатни услуги
ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување
Повеќе »
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување отвора повик за прибирање понуди за изработка и дизајн на тријазична веб-страница којашто ќе биде официјалната веб-страница на самата организација, како и за обезбедување домен и хостинг на веб-страницата во период од три години по нејзиното започнување со работа.
Повеќе »