06.10.2017

Истражување „Документирање на ефектот што регресивното македонско законодавство и ограничувачките политики за абортус го имаат врз човековите права: клучни наоди и препораки“

„Документирање на ефектот што регресивното македонско законодавство и ограничувачките политики за абортус го имаат врз човековите права: клучни наоди и препораки“ ги истражува ефектот и последиците од донесувањето на постојниот Закон за прекинување на бременоста во 2013 година, со кој се воведоа ограничувачки законски одредби и се отежна пристапот до безбеден и легален абортус во Македонија.

Негативниот ефект на постојната законска регулатива го потврдуваат низа лични искуства и ставови добиени преку анонимни интервјуа со четиринаесет чинители од Битола, Куманово и Скопје, односно седум жени кои направиле абортус по воведувањето на новите законски услови, двајца гинеколози, еден социолог, еден социјален работник и тројца претставници на невладини организации.

 

Истражувањето ги сумира клучните наоди, но дава и препораки кои би требало да се земат предвид при измената на Законот за прекинување на бременоста, што произлегува како неопходна потреба од документираните искуства.

Овој документ е резултат на четиримесечната соработка помеѓу Х.Е.Р.А. и Центарот за репродуктивни права и е достапен на македонскиалбански и англиски јазик.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Процена на знаењето, ставовите, практиките и потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација

ХЕРА и Коалиција „Маргини“ спроведоа истражување со цел да ги испитаат знаењата, ставовите, капацитетите, практиките и потребите на актуелните народни избраници и избранички во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и нивната заштита од дискриминација.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за вработување проектен/на асистент/ка на определено време

Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време на асистент/ка на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби”, поддржан од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.