07.05.2017

Годишен извештај 2016

Пред вас е годишниот извештај на ХЕРА за 2016 година. Година во која политичката криза во државата се продлабочуваше, работењето со државните институции беше прилично блокирано, а дијалогот со претставниците на власта ограничен.

Во вакви услови можностите за посериозно лобирање за правата за сексуално и репродуктивно здравје беа предизвик. Но тоа не нè обесхрабри. Бројот на млади и маргинализираните заедници кои ги едуциравме или опслужувавме со услуги преку нашите сервиси, се зголемуваше. За време на парламентарните избори заедно со нашите партнери ја стекнавме поддршката од политичките партии за унапредување на сексуалните и  репродуктивни права. Заедно со нашите партнери, меѓународно се ангажиравме за време на разгледувањето на извештајот на Македонија за имплементацијата на Конвенцијата за економски, културни и социјални права.
Ова е само мал дел од нештата кои успеавме да ги реализираме во 2016 година.
Целиот извештај, во македонска јазична верзија може да го прочитате тука, а во англиска – тука.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на двојазична веб-страница

Во рамки на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби“ што ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува со поддршка од УНФПА, предвидени се средства за изработка и дизајн на двојазична веб-страница за Минималниот основен пакет на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.