17.11.2015

Соопштение по повод започнување на кампањата „За нација без дискриминација“

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ НАЦИЈА БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА

Комисијата за заштита од дискриминација заедно со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, денес, на 17 ноември 2015 година, во ЕУ-инфоцентарот организираше промотивен настан за промоција на видеоспотот ,,За нација без дискриминација“. 

Целта на настанот беше информирање за резултатите од работата на Комисијата за заштита од дискриминација во 2015 година согласно со реализацијата на проектот ,,Зајакнување на владеењето на правото за заедницата на ЛГБТ-граѓаните“, во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, а е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

Комисијата со поддршка на невладините организации активно работи на подигање на свеста кај сите граѓани, со цел намалување на дискриминацијата по сите различни основи, особено на бришење на сликата што со години е создавана за лицата со различна сексуална ориентација, како и создавање култура на почитување на човековите права, еднаквоста, толеранцијата и зголемување на ефикасната правна заштита.

„Оваа кампања е од особено значење како за работата на Комисијата, така и за лицата со различна сексуална ориентација, кои сакаме да ги охрабриме да поднесуваат претставки за дискриминација и сите заедно да пристапиме кон борба за елиминирање на стигмата и дискриминацијата кон ЛГБТ-лицата, бидејќи само така можеме да постигнеме еднакво и толерантно општество во кое ги прифаќаме и ги славиме разликите. Веруваме дека оваа кампања ќе придонесе кон зголемување на бројот на претставките за дискриминација кон ЛГБТ-лицата, а од друга страна ќе ги освести сите оние што намерно, ненамерно или скриено ги дискриминираат лицата со различна сексуална ориентација“, изјави Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.

Покрај видеоспотот, на овој настан беше промовиран и Протоколот за утврдување на постапката во случаи на заштита од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, кој Комисијата го усвои согласно со проектот „Зајакнување на владеењето на правото за заедницата на ЛГБТ-граѓаните“, а со тоа, Комисијата за заштита од дискриминација обезбедува документ со чија помош ќе се олесни и ќе се забрза процесот, како и ефикасноста при решавањето на случаите за дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

„Врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, во периодот од јануари 2011 до декември 2014 до Комисијата пристигнаа вкупно 18 претставки. Повеќето претставки беа поднесени од правни лица, односно здруженија на граѓани. Утврдени се дискриминација и вознемирување во 4 случаи, во 9 случаи не е утврдена дискриминација, а во 3 случаи не се поведе постапка согласно со ЗСЗД“, додаде Миновски. 

Комисијата го дополни формуларот за поднесување претставка вклучувајќи ја и сексуалната ориентација како основа за дискриминација. Од оваа година Комисијата на својата веб-страница воспостави онлајн-образец за поднесување претставки за дискриминација и ги охрабрува сите граѓани да пријавуваат дискриминација врз основа на сексуалната ориентација 24/7, во што ќе им помогне и Протоколот како постапка за во случаи на дискриминација.

Почитувањето на човековите права и слободи, недискриминацијата и еднаквоста се основни вредности на едно демократско и современо општество. Заштитата од дискриминацијата претставува темелник во македонскиот правен систем, воспоставен со Уставот, а дефиниран со Законот за спречување и заштита од дискриминација, која се спроведува и со помош на меѓународни документи што Македонија е обврзана да ги почитува, а се засноваат на Универзалната декларација за човековите права на ОН, како прв документ што ја поставува потребата од еднаквост како суштински предуслов за ползување на човековите права.

Онлајн-образецот  за поднесување претставки е достапен на: http://www.kzd.mk/mk/kontakt/online-prijava

Протоколот за утврдување на постапката за во случаи на заштита од дискриминација во електронска форма ќе го најдете тука

ТВ-спотот ,,За нација без дискриминација“ може да го погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=FA2nry3A3qs

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Прирачник за сензибилизација на семејни лекари за СРЗ на лицата со попреченост

Прирачникот за сензибилизација на здравствените работници (семејните лекари) го изготвија д-р Катерина Станкова Нинова, д-р Зоран Стојановски и Весна Матевска со цел да ја подотворат вратата за исклучително спефицична тема – сексуалноста на лицата со попреченост.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и емитување на видеоспот

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, го спроведува проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТ луѓето“. Во рамки на овој проект се предвидени активности за зголемување на свеста на јавноста за намалување на дискриминацијата и насилството врз ЛГБТ лицата во Македонија преку реализација на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.