Програмско подрачје: СРЗ во кризни состојби

1. Што сме постигнале досега:

  • Подготвено поглавје за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) во време на вонредни/кризни состојби
  • Развивање на првиот национален акциски план за вклучување на минимален основен пакет на услуги за сексуално и репродуктивно здравје (МИСП) за време на вонредни/ кризни состојби – 2014/2015
  • Ревизија на Националниот план за подготовка и одговор на здравствениот систем за време на криза и вклучување на поглавје за СРЗ во услови на криза
  • Подготвена и издадена брошура за безбедно мајчинство во вонредни ситуации и/или кризи
  • Организирани обуки за минимален основен пакет на услуги за сексуално и репродуктивно здравје (МИСП) за медицински и немедицински лица.
  • Организирани обуки за Клинички третман на жртви на родово базирано насилство за гинеколози и медицински сестри/ акушерки
  • Подготвена стандардна оперативна процедура за родово базирано насилство во време на криза
  • Од 19 јуни 2015, преку мобилна гинеколошка амбуланта се обезбеднени услуги за сексуално и репродуктивно здравје во Транзитни центри Табановце и Винојуг.

2.Партнери

  • Министерство за здравство
  • Министерство за внатрешни работи
  • Судска медицина
  • Центар за управување со кризи (ЦУК)
  • УНФПА
  • Црвен крст
  • Ла страда

 

3. Лицa за контакт

Бојан Јовановски
bojan.jovanovski@hera.org.mk

Весна Матевска
vesna.turmakovska@hera.org.mk

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Првиот семеен центар на Град Скопје бара психотерапевт(к)и

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање  психотерапевт(к)и како даватели на услуги во Првиот семеен центар на Град Скопје за привремен ангажман, односно советување на деца-жртви на семејно насилство и интервенции фокусирани на траума или деца.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.