31.03.2016

ПОВИК ЗА ПОНУДИ За изработка на финансиски план за основен пакет на услуги во Младинските Центри „Сакам да знам“

ПОЗАДИНА
Младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам да знам“, лоцирани во амбулантата Водно и Шуто Оризари, се формирани во 2005 и 2006 година со поддршка на меѓународните организации. Центрите се наменети за заштита и грижа за сексуалното и репродуктивното здравје на младите на возраст до 30 години, особено оние од социјално-ранливите и маргинализираните заедници. Годишно околу 2500 – 3000 клиенти користат повеќе од 8.000 услуги од овие центри, односно гинеколошки прегледи и советувања, ПАП тестови, ЕХО прегледи, контрацепција, дерматолошки прегледи и советувања, Крио терапија, тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции, психо-социјални советување за сексуалноста и родово-базирано насилство како и организирани едукации на теми од сексуалното и репродуктивно здравје. Сите услуги во центрите се анонимни и бесплатни. Корисниците исто така добиваат бесплатни контрацептивни средства и антибиотска терапија за сексуално преносливи инфекции.

Со цел да се обезбеди одржливост на младинските центри „Сакам да знам“, ХЕРА објавува повик за изработка на финансиски план за основен пакет на услуги за „Сакам да знам“. Притоа консултантот треба да подготви годишен финансиски план за двата центри одделно. При изработката на финансискиот план консултантот ќе ги има на располагање сите податоци од трошоците за услугите (тестови, лекови, потрошен медицински материјал и друго), надоместоците на персоналот и другите индиректни трошоци (режиски трошоци, канцелариски потреби, и друго) што произлегуваат од неговата работа. За подготовка на финансискиот план за основниот пакет на услуги, консултантот ќе треба да ја истражи побарувачка за услугите во центрите, но и платежна моќ на корисниците за одредени услуги. Исто така, при изработката на пакетот и планот консултантот ќе треба да ги земе предвид и политиките на ХЕРА за обезбедување на услуги од сексуалното и репродуктивно здравје како и постојниот систем за квалитет.

ЦЕЛИ:
1.Да спроведе анкета меѓу корисниците на услугите во младинските центри „Сакам да знам“ за да се утврди кои услуги се најбарани и најпотребни за младите (основен пакет на услуги), како и која е платежната способност на клиентите за одредени услуги (кои видови на услуги и по кои цени), и да подготви извештај
2.Да подготви годишен финансиски план за утврдениот основен пакет на услуги за функционирање на двата младински центри „Сакам да знам“ за 2017 година во согласност со:
– побарувањата на услуги на клиентите на младинските центри, потребите и нивната платежна способност
-трошоците за услугите, надоместоците на персоналот и другите индиректни трошоци што произлегуваат од досегашната работа на младинските центри

ПРОФИЛ НА КОНСУЛТАНТОТ
– Повеќегодишно искуство во подготовка на финансиски или бизнис планови
– Истражувачко искуство во областа на јавното здравје

ЗАДАЧИ И ВРЕМЕНСКА РАМКА
– Да подготви методологија за утврдување на основен пакет на услуги, односно истражување меѓу корисници на младинските центри за услугите кои им се потребни, платежната способност и задоволството од услугите
– Да подготви методологија за изработка на финансиски план за основен пакет на услуги за младинските центри за 2017 година
– Да го спроведе анкетирањето меѓу корисниците на младинските центри и подготви извештај со дефиниран основен пакет
– Да изработи финансискиот план за основен пакет на услуги, посебни и за двата младински центри согласно наодите од истражувањето меѓу корисниците и трошоците
– Да ги презентира наодите: основен пакет и финансиски планови

КРАЕН РОК: 30 Јуни

ОБВРСКИ НА ХЕРА:
– Да го спроведе теренското собирање на податоци (анкетирањето) меѓу корисниците согласно подготвената методологија
– Да ги достави информациите за трошоците за подготовка на финансискиот план за основен пакет на услуги, вклучително и статистика на сервиси и клиенти

МЕСТО НА СПРОВЕДУВАЊЕ: Скопје (општина Шуто Оризари и Центар)

ПРЕДВИДЕН БУЏЕТ: до 130.000,00МКД

АПЛИЦИРАЊЕ
На повикот можат да аплицираат физички лица (или тим) и правни субјекти.
Заинтересираните лица најдоцна до 20 Април 2016 година треба да достават:
1. Професионална биографија со вклучени референција на истражувања и искуство во подготовка на финансиски или бизнис планови
2. Предлог методологија и алатки кои ќе се користат за спроведување на активностите и временска рамка
3. Предлог финансиска рамка (бруто денари) за реализација на активностите (да биде изразена во број на денови@единична сума по ден = вкупно)

Документите со назнака Повик за консултант треба да се достават на следната електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 5 дена по донесената одлука.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на двојазична веб-страница

Во рамки на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби“ што ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува со поддршка од УНФПА, предвидени се средства за изработка и дизајн на двојазична веб-страница за Минималниот основен пакет на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.