15.06.2016

Отворен ден ХЕРАМлади

Post-01ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат!
Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе!

Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното секојдневие?
Сакаш да запознаеш млади мотивирани луѓе кои се креативни, весели и спремни да научат нешто ново?
Размислуваш некогаш дека би било добро да почнеш да волонтираш?
Се прашуваш што се кратенките #ССО #СРЗП?
Знаеш што значат, но сакаш да се активираш во борбата за подобра иднина и подобра заштита на нашите права?

Повели во сабота на 18ти јуни, дознај повеќе за ХЕРАМлади.
Дознај какви сектори имаат нашите волонтери и каде можеш да се пронајдеш.
Дојди. ќе имаме и квиз и рели, можеби ќе добиеш скромна награда.
Се гледаме!

За да нè најдеш, следете ги мапите на следните линкови:
Младински центар „Сакам да знам“ Водно тука.
Младински центар „Сакам да знам“ Шуто Оризари тука.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Првиот семеен центар на Град Скопје бара психотерапевт(к)и

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање  психотерапевт(к)и како даватели на услуги во Првиот семеен центар на Град Скопје за привремен ангажман, односно советување на деца-жртви на семејно насилство и интервенции фокусирани на траума или деца.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.