Мобилна гинеколошка ординација

Сервисот на Мобилната гинеколошка амбуланта за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) работи од 2013 година. Неговата цел е да се подобри пристапот и квалитетот на услуги од областа на сексуалното и репродуктивното здравје помеѓу жените од тешко достапни популации (сексуални работнички – СР и лица кои инјектираат дроги – ЛИД), како и жени од рурални средини кои имаат ограничен пристап или воопшто немаат пристап до гинеколошки услуги.

Теренските активности се спроведуваат со теренско возило, соодветно адаптирано за нудење на гинеколошки услуги, опремено со гинеколошки стол, ЕХО апарат и потребни медицински инструменти. Гинеколошките услуги се нудат од стручен тим, составен од лекар специјалист гинеколог – акушер и медицинска сестра – акушерка.

Сервисот на мобилната амбуланта во својата работа строго ги почитува принципите на доброволност, доверливост, приватност и возрасна граница. Сите услуги кои се нудат се бесплатни.

ХЕРА ги спроведува теренските активности во соработка со партнерски организации во 10 градови од државата: Куманово (здружение ПУЛС), Тетово (здружение ЦРУЈЖ), Гостивар (здружение ХЕЛП), Охрид и Струга (здружение ОПЦИЈА), Прилеп, Битола (здружение ВИА ВИТА), Делчево и Виница (здружение КХАМ), Струмица (здружение ИЗБОР). Детални информации за теренските смени во градовите (ден, час и локација) можат да се добијат од локалната граѓанска организација.

Во мобилната амбуланта можат да се добијат следниве гинеколошки услуги:

  • гинеколошки преглед
  • ЕХО преглед
  • папаниколау тест
  • тестирање за хламидија
  • аплицирање на интраутерина влошка спирала
  • орална хормонска контрацепција
  • итна контрацепција
  • брзи тестови за бременост
  • бесплатен третман на СПИ
  • советување за модерна контрацепција, планирање на семејство и прекин на бременост
  • превентивно советување за ХИВ
  • дистрибуција на бесплатни кондоми, лубриканти и едукативни материјали.

Телефон за контакт: 02/3290-395

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

ХИВ: Колку прашања, толку одговори

Во рамки на Европската недела на ХИВ, која се одржа од 23 до 30 ноември 2018 година под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“,  ХЕРА ја подготви и брошурата „Прашања и одговори за ХИВ“ која ги дава одговорите на најчестите прашања поврзани со ХИВ.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на официјалната веб-страница на ХЕРА

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување отвора повик за прибирање понуди за изработка и дизајн на тријазична веб-страница којашто ќе биде официјалната веб-страница на самата организација, како и за обезбедување домен и хостинг на веб-страницата во период од три години по нејзиното започнување со работа.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.