Кристијан Ангелески

Секретар

k.angeleski@gmail.com

 

Кристијан Ангелески има значајно работно искуство во бизнис и граѓански организации. Во 2014 година ги почнува студиите по економија на Катедрата за е-бизнис при Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија. Благодарение на неговата посветеност во областа на финансиите, уште како студент го ангажира ДУФ „Илирика“ во Дирекцијата за продажба. Стекнатото теориско и практично финансиско знаење го комбинира на оваа позиција, секојдневно работејќи на портфолијата и управувајќи со финансиите на приватни и корпоративни клиенти.

Во граѓанскиот сектор влегува во 2008 година како волонтер во младинската организација „Креактив“, каде што потоа станува програмски менаџер на програмата за личен развој на младите. Низ годините работел во разни организации и програми, но отсекогаш ја нагласувал важноста на младинското учество во процесите на донесување одлуки.

Во 2015 година, на покана од Младинскиот институт за обука и истражување Y-PEER PETRI од Софија, при Министерството за здравство на Република Бугарија, Кристијан ја користи својата експертиза во подобрувањето на мобилизацијата на ресурси за Мрежата Y-PEER во Источна Европа и регионот на Централна Азија. Кристијан има меѓународно признат сертификат за обучување во областа на проектниот развој и менаџмент. Неговата работа рефлектира со сеопфатни решенија за идентификуваните предизвици.

Член на ХЕРА е од 2017 година.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Процена на знаењето, ставовите, практиките и потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација

ХЕРА и Коалиција „Маргини“ спроведоа истражување со цел да ги испитаат знаењата, ставовите, капацитетите, практиките и потребите на актуелните народни избраници и избранички во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и нивната заштита од дискриминација.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за вработување проектен/на асистент/ка на определено време

Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време на асистент/ка на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби”, поддржан од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.