15.08.2017

Конкурс за координатор/ка за млади

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време за:  координатор/ка за млади

Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:

 

Општи квалификации:

  • Завршено високо образование
  • Искуство во имплементација на проектни активности за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје
  • Државјанство на Република Македонија
  • Напредни вештини за информатичка технологија (Microsoft office, World press, платформи за социјални медиуми)
  • Одлични познавања на македонски и англиски јазик
  • Изградени вештини за логистика

 

Предност ќе имаат кандидатките/ите кои имаат специфични квалификации:

  • Искуство во проекти поврзани со неформално образование
  • Искуство во работа со млади и волонтери
  • Поминале обуки за сеопфатно сексуално образование
  • Искуство во програмско и финансиско раководење на проекти
  • Искуство во застапување со донесувачи на одлуки

 

Опис на работната позиција:

Координаторот/ката на програмата ќе биде одговорен/а за организирање на неформално образование во училиштата, за застапување за сеопфатно сексуално образование пред одговорните институции и за поддршка на групата од млади волонтери во ХЕРА. Ова ќе опфаќа спроведување на обуки и на врснички едукации, раководење на Младинската платформа за ССО,  регрутирање на нови волонтери и техничка поддршка на активностите на ХЕРАмлади. Обврските ќе бидат поврзани со логистика со едукатори и училишта, комуникација со партнерски младински организации, со донесувачи на одлуки и политичари, комуникација со младите волонтери и организирање на активности во согласност со потребите.

Предвидената плата во бруто износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 34,000.00 денари

Ги охрабруваме младите на возраст до 30 години да аплицираат за работното место.

Најдоцна до 05.09.2017 (вторник) заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Писмо за мотивација
  • Биографија (во која јасно го наведуваат претходното искуство според наведените квалификации и пропозиции на конкурсот)
  • Една препорака од претходните работодавачи кои потврдуваат искуство за бараните квалификации

Ќе се разгледуваат само оние кандидатки и кандидати кои ќе ги достават сите наведени документи. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.

Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.

ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидати без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа, ќе имаат еднакви услови.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/ка за млади можете да ги доставите на следниов начин:

По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk

По пошта:     Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (Оглас за Конкурс за координатор/ка за млади)

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Прирачник за сензибилизација на семејни лекари за СРЗ на лицата со попреченост

Прирачникот за сензибилизација на здравствените работници (семејните лекари) го изготвија д-р Катерина Станкова Нинова, д-р Зоран Стојановски и Весна Матевска со цел да ја подотворат вратата за исклучително спефицична тема – сексуалноста на лицата со попреченост.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и емитување на видеоспот

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, го спроведува проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТ луѓето“. Во рамки на овој проект се предвидени активности за зголемување на свеста на јавноста за намалување на дискриминацијата и насилството врз ЛГБТ лицата во Македонија преку реализација на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.