За нас

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување е формирана во јануари 2000 година. На почетоците ХЕРА во својот фокус ја имаше превенцијата од ХИВ, како и поддршката на лицата кои што живеат со ХИВ.  Набрзо потоа ХЕРА ја препознава потребата од промовирање на концептот за сексуалното и репродуктивното здравjе и права како сеопфатен пристап.

ХЕРА се води целосно од својата мисија, која е утврдена со Стратегиската рамка (2018-2022), како и со останатите политики:

ХЕРА предводи граѓанска акција и поттикнува општествена промена за остварување на сексуалните права и за овозможување подобро образование и услуги за сексуалното и репродуктивното здравје, особено за маргинализираните заедници.

Според Статутот, највисоко тело е Собранието кое избира Управен одбор, којшто раководи со работењетo на оранизацијата. Управниот одбор функционира според Деловникот за работа. Вработените, пак, во извршната канцеларија ги спроведуваат активностите и ги имплементираат проектите.

За сите наши активности може да се информирате преку категоријата актуелно или, пак, за дополнителни прашања може да нè контактирате.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

ХИВ: Колку прашања, толку одговори

Во рамки на Европската недела на ХИВ, која се одржа од 23 до 30 ноември 2018 година под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“,  ХЕРА ја подготви и брошурата „Прашања и одговори за ХИВ“ која ги дава одговорите на најчестите прашања поврзани со ХИВ.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за вработување асистент/ка на проект на определено време

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата асистент/ка на проект за потребите на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби”, поддржан од Фондот за население на Организацијата на Обединетите Нации (УНФПА).

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.