Доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ

Доброволно советување и тестирање (ДСТ) претставува доброволен процес, инициран од страна на самите клиенти за доброволно советување и тестирање за ХИВ. Многу луѓе, особено во земјите со ниска стапка на ХИВ како нашата, каде што степенот на информираност за ХИВ може да биде низок, луѓето имаат перцепција дека за нив не постои ризик за ХИВ. Сервисите за ДСТ им помагаат на луѓето да го разберат индивидуалниот ризик од ХИВ, да го разберат значењето на сопствениот ХИВ-статус, како и да поттикнат побезбедно однесување за намалување на евентуалниот ризик од пренос на ХИВ. ДСТ обезбедува услуги за добролно и доверливо советување и ХИВ тестирање преку две мобилни единици (соодветно опремени комбиња) во 11 градови низ Македонија во партнерство со 14 здруженија на граѓани и 10 здравствени институции во државата за ранливи и тешкодостапни групи (млада популација, мажи кои имаат секс со мажи, лица кои инјектираат дрога, сексуални работници, затвореници и останати популации кои имаат потреба од оваа услуга).

ДСТ му овозможува на клиентот да добие доброволно советување, кое ќе му помогне да направи инфромиран избор поврзан со нејзиниот ХИВ-статус и да превземе соодветни акции откако ќе го дознае сопствениот ХИВ статус. Советувањето му овозможува на клиентот, преку дискусија со советувачот, да го анализира сопствениот ризик за ХИВ-трансмисија и можните начини за намалување на ризикот и воедно да добие инфоамции за ХИВ и ХИВ-тестирање. Советувањето во ДСТ се одвива во форма на преттест-советување и постстест-советување. Во текот на преттест-советувањето советувачот на секој клиент му нуди можност да ја истражи и да ја анализира својата ситуација и врз основа на тоа да одлучи дали ќе се тестира за ХИВ или не. Секоја клиент носи одлука дали ќе направи ХИВ-тестирање, врз основа на понудените информации за ХИВ и поддршката добиена од страна на советувачот. Посттест-советувањето им помага на клиентите да го разберат значењето на резултатот од ХИВ-тестот, да ги истражат можностите со кого може да го споделат резултатот од ХИВ-тестот, да ги идентификуваат можностите со кого може да го споделат резултатот од ХИВ-тестот, да ги идентификуват следните чекори за намалување на ризиокот за понатамошен пренос, односно добивање на ХИВ-инфекција. Основно аспекти и принципи на кои се темели ДСТ се:

  • Доброволност – клиентот сам одлучува, врз основа на информациите кои ги добил во текот на преттест-советувањето, дали ќе направи ХИВ-тестирање.
  • Доверливост – информациите споделени во текот на советувањето, вклучувајќи ги и резултатите од ХИВ-тестот, не смеат да бидат споделувани со други лица, освен на барање на клиентот. Исто така чувањето на евиденцијата со податоци и нивна понатамошна обработка ја гарантира доверливоста на клиентите.
  • Тестирањето се изведува со брз ХИВ-тест на капиларна крв (крв од прст на рака). Резултатот од брзиот тест се добива за 15 минути.
  • Приватност – Физичката средина во сервисот за ДСТ обезбедува услови за приватна дискусија помеѓу клиентот и советувачот.
  • Еднаквост – Сите клиенти на сервисот ДСТ се третирани на еднаков начин, без разлика на ХИВ-статусот, социјалниот статус, образованието, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, возраста, етничката или религиозната припадност, кој било вид на попреченост или било која друга карактеристика.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

ХИВ: Колку прашања, толку одговори

Во рамки на Европската недела на ХИВ, која се одржа од 23 до 30 ноември 2018 година под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“,  ХЕРА ја подготви и брошурата „Прашања и одговори за ХИВ“ која ги дава одговорите на најчестите прашања поврзани со ХИВ.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на официјалната веб-страница на ХЕРА

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување отвора повик за прибирање понуди за изработка и дизајн на тријазична веб-страница којашто ќе биде официјалната веб-страница на самата организација, како и за обезбедување домен и хостинг на веб-страницата во период од три години по нејзиното започнување со работа.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.